ПРЕМИЕРА: Новиот Mercedes-Benz SLC! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Новиот Mercedes-Benz SLC!

Mercedes-Benz го преименуваше SLK во SLC и новиот автомобил добива освежен дизајн, изменет цврст покрив и нови мотори!

Германскиот производител го претстави новиот SLC пред неговата официјална премиера на Саемот на Автомобили во Детроит следниот месец. SLC добива дискретно затегнување на брчките и визуелно приближување до останатите модели во гамата, малку изменет кров (кој сега се отвора и затвора при брзини до 40 километри на час), но и нови мотори. Меѓу новите мотори се истакнуваат новиот, основен 1.6-литарски турбо-бензинец, но и новиот турбо V6 за AMG моделот.

Новиот мотор за Mercedes-AMG 43 SLC е 3-литарски твин-турбо V6 кој го заменува досегашниот 5.5-литарски атмосферски V8. Новиот мотор има 54 коњски сили помалку, но 19 Nm повеќе од атмосферецот – за вкупно 367 коњски сили и 520 Nm – достапни од само 2000 вртежи во минута. Новиот модел е 0.1 секунда поспор до 100 километри на час од претходникот и му требаат 4.7 секунди за да го постигне бенчмаркот, а максималната брзина останува ограничена на 250 километри на час.

Можеби поинтересен ќе биде новиот основен модел кој ќе ја носи ознаката SLC 180. Овој модел ќе носи 1.6-литарски турбо-бензинец со 156 коњски сили, и може да постигне 100 километри на час за 7.9 секунди. Во понудата остануваат SLC 200 со 184 коњски сили, SLC 300 со 245 коњски сили, а тука е и турбодизелскиот SLC 250d со 204 коњски сили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.