Работната седмица ја започнуваме со екстремните верзии на веќе-екстремните RS6 и RS7 на Audi – кои имаат по 605 коњски сили!
Еднаш веќе пишувавме за RS6 Avant и RS7 Sportback Performance, но сега тие го имаат своето видео-деби. Екстремните автомобили имаат по 605 коњски сили и до 750 Nm вртежен момент благодарение на 4-литарскиот TFSI бензинец – а истиот тој мотор им овозможува да стигнат „до стотка“ за само 3.7 секунди!
Нема потреба повеќе да зборуваме – уживајте!