Одличен старт – златен волан за новата Opel Astra! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Одличен старт – златен волан за новата Opel Astra!

Новата Opel Astra ги победи своите ривали во Ц-сегментот и ја освои престижната награда Златен Волан!

Борбата меѓу конкурентите во Ц-сегментот е навистина бурна, па признанието кое новата Astra го освои со закитувањето со круната Златен Волан е навистина значајно. Иако новата Astra сè уште не е во продажните салони, веќе започна со наградите – а наградата Златен Волан е особено значајна не само заради својата важност, туку и заради тоа што ова е 16-та ваква награда за Opel од далечната 1976-та па до денес.

astra-zlaten-volan2

Наградата Златен Волан ја даваат легендарните Bild am Sonntag и Auto Bild, а наградата ја примија претседателот на Opel Групата – Karl-Thomas Neumann и одговорната за маркетинг во Opel – Tina Muller. Жирито го сочинуваат експерти и познати личности, но и читателите на овие два магазини.

Им честитаме на луѓето од Opel за освоената награда и се надеваме дека новата Astra наскоро ќе пристигне и кај нас – хечбекот на Opel веќе два пати беше избран за Автомобил на Годината во Македонија!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.