Volvo XC90 доби мал тјунинг-пакет од Polestar; во план е и екстремна верзија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volvo XC90 доби мал тјунинг-пакет од Polestar; во план е и екстремна верзија!

Polestar е тјунинг компанија која неодамна беше интегрирана во Volvo, и тјунинг експертите подготвија низа подобрувања за XC90 кои би требало да го подобрат уживањето во големиот луксузен SUV!

Подобрувањата се концентрирани највеќе околу Drive-E моделите на гамата, па токму на тоа е работено и кај XC 90. Подобрен е одзивот на педалата за гас, а поработено е и на респонзивноста и брзината на менување брзини. Главниот фокус е повеќе кон однесувањето на возилото во подинамични ситуации, наместо конкретно кон времињата.

На самиот почеток, модификациите ќе се нудат само кај T6 и D5 моделите, но според она што ни го кажуваат од Volvo, наскоро можеме да очекуваме поекстензивен и посеопфатен тјунинг пакет од Polestar.

Според оние кои подобро се запознаени со плановите на Volvo, во моментов „се крчка“ Volvo XC 90 Polestar кој наместо сериските 320 коњски сили кои се достапни кај Volvo XC 90 E-Drive, ќе има неаде најмалку 350 коњски сили – сето тоа благодарение на 2-литарскиот турбо-бензинец и електромоторот со кој соработува. Според Niels Moller – претседателот на дивизијата – „SUV моделите се популарни. Луѓето ги сакаат како урбани крстосувачи – па зошто да немаме XC модел кој може да излезе и на тркачката патека?“



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.