Новиот Honda Civic е достапен и во Македонија, а цените се движат од 15.990 евра за верзијата со мотор од 1.4 литри и 100 коњски сили до 17.990 евра за верзијата со мотор од 1.8 литри и 142 коњски сили!
Како и по обичај, импортерот за Honda во Македонија – Макпетрол, навистина брзо ги носи новите модели, а ист е случајот и со новата генерација на Honda Civic, кој од денес е поставен во салонот во Скопје, а веќе се познати и цените за новиот Јапонски борец во популарната класа.
Новиот Civic опремен со 1.4-литарски мотор и ознаката Sport чини 15.990 евра, додека посилната изведба, односно со 1.8-литарскиот мотор (исто со ознаката Sport) чини 17.990 евра. И обете верзии се со навистина многу опрема, која ако започнеме да ја пишуваме ќе ни снема простор.