Новиот концепт на Citroën влече инспирација од легендарниот Méhari, а ќе биде официјално претставен на саемот на автомобили во Франкфурт!
Легендарниот Méhari на Citroën е еден од оние автомобили кои или ги сакате, или ги мразите – малиот поларизирачки француски автомобил секогаш бил интересен и контраверзен. Она што Citroën ќе го претстави на публиката во Франкфурт е концепт кој влече инспирација токму од Mehari – Cactus M!
Cactus M е отворен кросовер чија примарна замисла е да понуди уживање во сите услови. Според Citroën, Cactus M „е опуштен на сите видови терен и во сите ситуации.“ Ќе забележите деа има поизразени крила, поисправено ветробранско стакло и големи трала. Кабината е целосно отворена, а во внатрешноста ќе најдете ентериер кој е сличен како во C4 Cactus, но искористени се интересни и несекојдневни материјали.
Според Citroën, Cactus M „го илустрира потенцијалот на C4 Cactus како основа за нови модели, како и несекојдневните можности да се ослободи брендот на Citroën низ различни каросериски изведби.“ Нам ни изгледа интересно и несекојдневно – токму како вистински Citroën!