Претставен Peugeot Fractal – Концепт за урбан електричен кабриолет! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претставен Peugeot Fractal – Концепт за урбан електричен кабриолет!

Новиот концепт на францускиот производител е вистинско изненадување – малиот Fractal е електричен кабриолет со многу напредни технологии и навистина несекојдневен карактер!

Fractal е мал автомобил – долг само 3.81 метар и широк 1.77 метри, новиот концепт на Peugeot е мал и лесен – тежи само 1000 килограми и има кров кој се вади. Концептот е поставен на големи, 19-инчни тркала, а предниот и задниот надвисок се долги само 0.52 метри – што го прави маневрабилен и компактен. Интересно е дека погонот е на сите четири тркала, и има воздушна суспензија која дозволува растојание од подлогата да варира меѓу 7 и 11 сантиметри!

За придвижување е задолжен електричен погон – има два електромотори од по 102 коњски сили поставени на секоја оска, како и батерија со капацитет од 30 kWh – доволно за автономија од 450 километри, забрзување до 100 километри на час за 6.8 секунди, и можност да се поминат 1000 метри од стоечки старт за 28.8 секунди.

Преку 80% од површините во ентериерот се покриени со материјал добиен со 3D-печатење. Централната конзола има 7.7-инчен AMOLED дисплеј кој работи во соработка со 9.1.2 звучен систем со три средни звучници, два високотонци, два саб-вуфери, два твитери и вуфер. Во грбот на задните седишта е вграден и тактилен бас систем, за звучните бранови да влезат во внатрешното уво низ телото, наместо низ воздухот.

Од Peugeot кажуваат дека Fractal е само концепт, но истовремено најавуваат дека претставува потенцијален дизајн за електричен урбан купе-кабриолет автомобил. Ако вака изгледа иднината на Peugeot, тогаш иднината на Peugeot изгледа одлично!

Поврзано:  Peugeot е горд на новиот 3008 - веќе се направени 100.000 нарачки!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.