Новиот Audi Q7 е достапен и како екстремно-ефикасен Ultra модел! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Audi Q7 е достапен и како екстремно-ефикасен Ultra модел!

Големиот луксузен SUV на Audi од денес е достапен со нов ефикасен турбодизел кој испорачува 218 коњски сили, а истовремено ветува екстремно ниска потрошувачка од 5.5 литри на 100 километри!

Според она што го кажуваат од Audi, новиот Q7 Ultra нуди револуционерна ефикасност. Големиот SUV ќе се нуди со 3-литарски TDI кој испорачува 218 коњски сили и 500 Nm вртежен момент, но она што е вистинска новост е ниската потрошувачка од само 5.5 литри дизел на 100 километри – цели 28% помалку од својот претходник!

Сепак, и покрај послабиот мотор и импресивната ефикасност, ниту перформансите не се занемарени – Audi Q7 TDI Ultra стигнува до 100 километри на час за 7.1 секунда и постигнува максимална брзина од 216 километри на час. Ефиканоста не е постигната само со едноставно реконфигурирање на компјутерот – според инженерите на Audi, покрај другите измени, направени се измени во пумпата за вода, системот за ладење на маслото и процесот на согорување.

Интересно, најекономичниот Q7 е и најевтин – цената на Audi Q7 TDI Ultra во Германија ќе започнува од 58.000 евра.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.