Jaguar го тестира новиот F-Pace и го подготвува за премиерата во Франкфурт! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Jaguar го тестира новиот F-Pace и го подготвува за премиерата во Франкфурт!

Британскиот премиум бренд интензивно работи на финалните тестирања и подготовки на својот прв SUV – новиот F-Pace ќе ја има својата официјална премиера на саемот на автомобили во Франкфурт!

Производителите ги тестираат своите автомобили во екстремни услови, за да бидат сигурни дека ќе ги издржат сите предизвици кои нивните сопственици ќе им ги наметнат – а Jaguar ја искористи можноста да ги понуди да погледнеме зад кулисите и да видиме како го тестираат новиот F-Pace теренец.

Според она што го кажуваат од Jaguar, новиот F-Pace е тестиран во различни услови, и во температури од екстремно ниските -40 степени, па се до плус 50 степени. Тестирањата на ладно се изведени во екстремните зимски услови во северна Шведска, додека тестирањата на високи температури се направени во екстремно-топлите пустини во Дубаи – каде се измерени дури 70 степени во кабините на автомобилите оставени на сонце!

Jaguar потврди дека серискиот F-Pace ќе се појави во Септември, за време на Франкфуртското Мотор Шоу. Новиот F-Pace ќе се произведува во Обединетото Кралство, покрај Land Rover Discovery, Denfender, Range Rover, Range Rover Sport и Jaguar XE.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.