Тјунерите од ABT Sportsline му посветија малку внимание на спортското купе на Audi, па сега ветува перформанси од кои застанува здивот!
Audi TTS не е спор автомобил – благодарение на 2-литарскиот TFSI турбо-бензинец има на располагање 310 коњски сили и 380 Nm вртежен момент. Сепак, по третманот кај експертите од ABT моќта е „подигната“ на импресивни 400 коњски сили и 480 Nm, а тоа значи и импресивни перформанси.
Бенчмаркот од 100 километри на час ќе го постигнете и ќе го надминете за само 4.3 секунди, а автомобилот ќе продолжи да забрзува сè до максималните 265 километри на час. Секако, дотерувањето не завршува тука – ќе добиете и нови 18, 19 или 20-инчни фелни, нови браници и нов заден спојлер, како и нов издувен систем. Одличен пакет на ABT!