Нека не ве буни ознаката 2.0 во името – Nissan Juke R 2.0 го крие подвозјето и моторот од Nissan GT-R Nismo, а тоа значи 3.8-литарски твин-турбо V6 со 600 коњски сили!
Агресивниот бодикит и мат-црната боја најавуваат што се крие под овој (и онака) несекојдневен кросовер. Во ред – тоа значи дека под линиите на фејслифтираниот Nissan Juke ќе го најдете целосното подвозје од Nissan GT-R Nismo – а тоа ја вклучува платформата, преносот и моторот од овој исклучителен автомобил. 3.8-литарскиот твин-турбо V6 е навиен да испорачува 600 коњски сили он сите тркала – мајко мила!
Информации за перформансите сè уште не се објавени, но со оглед на тоа дека има на располагање повеќе моќ од својот претходник (кој забрзуваше „до стотка“ за 3 секунди и имаше максимална брзина од 275 километри на час), можеме да очекуваме подеднаков поимпресивни бројки.