Официјално: Alfa Romeo Giulia QV – 3 литри, 510 коњски сили, „стотка“ за 3.9 секунди! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Alfa Romeo Giulia QV – 3 литри, 510 коњски сили, „стотка“ за 3.9 секунди!

Дами и Господа, Alfa Romeo се враќа, и тоа на голема врата – италијанскиот производител тукушто го претстави својот нов супер-седан!

Иако сè уште ги немаме сите детали, можеме да ви пренесеме дека новата Alfa Romeo Giulia QV под поклопецот на моторот ќе носи 3-литарски V6 со турбополнач „развиен во соработка со инженери со позадина во Ferrari“ кој испорачува 510 коњски сили! Погонот е кон задните тркала (Woo!), а според Alfa Romeo бенчмаркот од 100 километри на час ќе биде постигнат и надминат за само 3.9 секунди, а тежината би требало да биде околу само 1500 килограми!

Наскоро ќе имаме повеќе информации, но сега ве оставаме со неколку официјални фотографии од новата Alfa Romeo Giulia QV!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.