Opel Astra OPC во Женева – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel Astra OPC во Женева

Свое место во Женева имаше и Opel Astra OPC, еден од најсилните адути на Opel во борбата за опстанок – а и Astra OPC има свои адути – поточно, 280 адути!

Ова не е прв пат да пишуваме за Astra OPC. Овој модел веќе неколку пати се има појавено на нашите страници, но едноставно не можеме да одолееме на ниедна шанса да прозборуваме за неа.  Своето прво јавно деби Astra OPC го доживува токму во Женева, а има навистина со што да се пофали.

Еден од најсилните адути на Astra OPC е токму 2-литарскиот турбо мотор, кој нуди дури 280 коњски сили и здрави 400 Nm вртежен момент. Иако сеуште нема официјални податоци околу забрзувањето, сепак мануелниот 6-степен менувач и механичкиот преден диференцијал гарантираат одлични бројки, но и максимална брзина од 250 километри на час. Секако, тука е и HiPer Strut суспензијата која е стандардна кај сите GTC модели, но инжеерите од OPC дополнително ја имаат доработено шасијата, за уште подобри перформанси.

Во внатрешноста, кожните Recaro седишта ветуваат многу, а големите 20-инчни тркала се како магнет за дупки на нашите „одлични“ улици!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.