Панел од 65 автомобилски новинари од 31 земја ги избра овогодинешните победници на Мотор на Годината – а победниците се…
Веќе четврти пат, 1-литарскиот EcoBoost зема награда на изборот, овој пат во категоријата за мотори со капацитет помал од 1 литар. Во категоријата 1 до 1.4- литри, победата ја однесе 1.2-литарскиот три-цилиндерски турбо-бензинец на PSA, кој се вградува во многу модели на Peugeot и Citroen.
Во категоријата од 1.8 до 2 литри, победата му припадна на 4-цилиндерскиот турбо-бензинец со зафатнина од 2 литри на Mercedes AMG, кој се вградува во A45 AMG, CLA 45 AMG и GLA45 AMG.
Audi и нивниот 2.5-литарски турбо бензинец ја однесоа победата во категоријата од 2 до 2.5 литри, а во категоријата од 2.5 до 3 литри, победата му припадна на 3-литарскиот турбо-бензинец од M3 и M4.
McLaren и нивниот 3.8-литарски V8 ја земаа победата во категоријата од 3 до 4 литри, а во категоријата над 4 литри победата ја зема 4.5-литарскиот атмосферски V8 на Audi. Посебно признание за Performance Engine зема истиот мотор. Tesla ја зема наградата за најеколошки мотор.
Секако, мора да биде избран и мотор на годината, а овој пат таа титула му припадна на BMW за нивниот 1.5-литарски мотор со хибридна компонента кој се вградува во i8.