Volkswagen го најавува новиот Golf GTI Clubsport! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen го најавува новиот Golf GTI Clubsport!

На овогодинешниот Worthersee, меѓу другите премиери, своето деби ќе го има и Volkswagen Golf GTI Clubsport кој ветува одлични перформанси и уникатен стил.

Golf GTI Clubsport ќе влезе во производство следната година, во чест на 40-годишнината на Volkswagen Golf. GTI Clubsport нуди 265 коњски сили, и е наменет да биде поставен меѓу Golf GTI со 230 коњски сили и Golf R со 300 коњски сили.

GTI Clubsport ќе го препознаете по поагресивниот бодикит со нови браници, нови странични прагови и нов заден дифузер, а задниот дел го краси и нов заден спојлер. Во ентериерот можеме да очекуваме уникатни детали, а повеќе информации ќе имаме утре кога Volkswagen официјално ќе го претстави GTI Clubsport!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.