Официјално: 2012 Ford Fiesta ST! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: 2012 Ford Fiesta ST!

Својата премиера ја доживеа и спортската верзија на Fiesta ST – и малиот градски тркач на Ford може да се пофали со цели 180 коњски сили!

Најжешката верзија на Ford Fiesta – моделот со ознака ST – ќе понуди 1.6-литарски турбо бензински агрегат кој ќе испорачува 180 коњски сили и 240 Nm вртежен момент – сосем доволно за малата Fiesta ST да забрза до 100 километри на час за помалку од 7 секунди и да постигне максимална брзина од 220 километри на час!

Покрај Ecoboost турбо моторот, ST ќе добие и специјално поставено подвозје, а каросеријата ќе биде 15 милиметри пониско до земјата, и ќе добие специјално тјунирани системи за справување со вртежниот момент, како и систем за стабилност.

Од надвор, приметливи се новите спортски браници и големите тркала, а во внатрешноста доминираат импресивните Recaro спортски седишта, нов спортски волан и спортските детали во ентериерот.

Новата Fiesta ST ветува многу! Да се надеваме дека наскоро ќе ја видиме и кај нас!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.