Официјално: Новиот Audi R8 – 610 коњски сили, 3.2 секунди, 330 километри на час! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Новиот Audi R8 – 610 коњски сили, 3.2 секунди, 330 километри на час!

Моторспортот е во гените на Audi – изјави Dr. Ulrich Hackenberg – а новиот R8 од самиот старт ќе се нуди во две изведби придвижувани од 5.2-литарски V10!

На самиот почеток – најважното! Новиот R8 ќе биде придвижуван од 5.2-литарски атмосферски V10 бензинец кој ќе се нуди во две верзии – ќе можете да нарачате верзија со 540 или си 610 коњски сили, односно 540 или 560 Nm вртежен момент. На помоќната, Plus верзија и се потребни само 3.2 секунди да достигне 100 километри на час, а максималната брзина изнесува 330 километри на час, додека кај „обичната“ верзија тие бројки изнесуваат 3.5 секунди и 323 километри на час.

Силата се пренесува кон сите четири тркала преку нов 7-брзински S-Tronic менувач со двојна спојка и Quattro погонот на сите четири тркала. Quattro системот дозволува до 100% од силата да бидат пренесени кон предната или задната оска, во зависност од моменталните услови на патот. Автомобилот тежи екстремно лесни 1454 килограми – всушност, новиот R8 е до 50 килограми полесен од својот претходник. Ова се должи на користење на супер-лесни и цврсти материјали, како и новиот Audi Space Frame (ASF) кој користи многу различни материјали.

Дизајнот е широк и мускулест, и ги следи тековните насоки на Audi. LED предните светла се стандардни, а купувачите ќе можат да нарачаат ласерски долги светла. Сите инструменти се дигитални а најважните контроли се групирани на самиот управувач. R8 V10 ветува потрошувачка од 11.8 литри на 100 километри, а кај V10 Plus потрошувачката изнесува 12.4 литри на 100 километри.

Со новиот R8, Audi го најавува и R8 e-tron – електрична верзија на R8 која ќе има автономија од 450 километри! Има два електромотори кои нудат по 170 киловати и вкупно 460 Nm вртежен момент. Благодарение на оваа технологија, R8 e-tron забрзува до 100 километри на час за 3.9 секунди, и постигнува максимална (електронски ограничена) брзина од 210 километри на час. R8 e-tron ќе се прави исклучиво по нарачка и ќе може да се нарача од оваа година.

Поврзано:  ABT го тјунираше Audi SQ8

Новиот R8 ќе се произведува во нова фабрика, наменета за производство само на овој модел. Фабриката Böllinger Höfe се наоѓа во Heilbronn, во Германија. Продажбата ќе започне ова лето, а цените ќе започнуваат од 165.000 евра за R8 V10, додека R8 V10 Plus ќе чини од 187.400 евра.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.