Премиера: BMW 2 Series Gran Tourer – Компактен миниван од Баварија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: BMW 2 Series Gran Tourer – Компактен миниван од Баварија!

Сосема неочекувано, BMW претстави уште еден модел кој ќе го нуди како дел од својата гама – новиот 2 Series Gran Tourer.

Ова е втор модел на BMW со погон на предните тркала (покрај 2 Series Active Tourer). Автомобилот кој скратено ќе го нарекуваме 2 GT е долг 4556 милиметри, широк 1800 милиемтри и висок 1608 милиметри – забележливо подолг и повисок од 2 Series Active Tourer на кој е базиран.

Ќе нуди место за пет или седум патници, но третиот ред седишта ќе биде наменет за деца. Од BMW ги истакнуваат практичните страни на моделот – како што е лизгачката задна клупа и многу други детали. Багажниот простор варира од 645 до 805 литри, во зависност од изведбата, а со преклопени седишта изнесува импресивни 1905 литри.

Ќе се нудат четири различни варијанти – Advantage, Sport Line, Luxury Line и M Sport. Во Европа, купувачите ќе можат да изберат меѓу шест бензински и дизел мотори, сите со турбополнач. Бензинската понуда ја сочинуваат 216i (нема објавено детали), 218i со 1.5-литарски три-цилиндерски мотор и 136 коњски сили, како и 220i со 2-литарски турбо-бензинец и 192 коњски сили.

Дизелската понуда ја сочинуваат 216d со 1.5-литарски три-цилиндерски турбодизел кој испорачува 116 коњски сили, 218d со 2-литарски турбодизел и 150 коњски сили, и 220d xDrive со 190 коњски сили и погон на сите четири тркала.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.