Националното жири за избор на Автомобил на Годината во Македонија ги објави финалистите кои ќе се борат за овогодинешната титула!
По пошироката листа на кандидати, која беше неодамна објавена, националното жири ја објави конечната листа на финалисти кои се кандидати за титулата Автомобил на Годината во Македонија за 2015!
Согласно условите, националното жири за избор за Автомобил на Годината во Македонија одлучи кандидати да бидат следните возила (по азбучен редослед):
- Ford Mondeo
- Mercedes-Benz C-Class
- Nissan Qashqai
- Renault Twingo
- Toyota Aygo
- Volkswagen Passat
Минатата година титулата ја освои Škoda Octavia, а годината пред тоа со признанието се закити Seat Leon.
Од оваа година и CARclub е дел од жирито кое го одбира автомобилот на годината. Ве покануваме да ја посетите веб-страницата на Изборот за Автомобил на Годината во Македонија, како и официјалната Facebook страница!