Најава за нов модел – Volkswagen Cross Coupe GTE! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Најава за нов модел – Volkswagen Cross Coupe GTE!

Третиот кросовер-концепт на Volkswagen во изминативе две години сериозно сугерира како би можела да изгледа сериската верзија на новиот кросовер од Wolfsburg.

Луѓето од Volkswagen самите си кажуваат дека Cross Coupe GTE „го покажува дизајнерскиот јазик на идните SUV модели на Volkswagen наменети за Северна Америка.“ Според Volkwagen, на крајот на 2016 ќе започне производството на нивниот нов SUV со 7 седишта, во нивната фабрика во Chattanooga во Тенеси, а овој концепт е своевидна најава токму за тој модел.

Концептот е поставен на MQB архитектурата и има хибриден погон кој користи 3.6-литарски VR6 бензинец кој испорачува 276 коњски сили и 350 Nm вртежен момент. Со него соработуваат два електромотори – предниот нуди 54 коњски сили и 200 Nm,  а задниот 114 коњски сили и 270 Nm. Вкупната системска моќност е 355 коњски сили и 380 Nm, забрзувањето до 100 километри на час трае 6 секунди, а максималната брзина е 210 километри на час.

На возачот му стои на располагање E-Mode режимот на работа, кој овозможува користење само на задниот електромотор, во кој случај Cross Coupe GTE може да помине до 32 километри исклучиво на електричен погон.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.