Mercedes-AMG GLE 63 S Coupe доаѓа со би-турбо V8 и 577 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-AMG GLE 63 S Coupe доаѓа со би-турбо V8 и 577 коњски сили!

Германскиот премиум бренд го претстави GLE AMG 63 во две изведби, а најмоќната S варијанта доаѓа со 5.5-литарски би-турбо V8 кој испорачува цели 577 коњски сили!

Војната на коњски сили меѓу германските производители не престанува – најнов кандидат е Mercedes-AMG GLE 63 S кој има на располагање 5.5-литарски битурбо V8 кој испорачува 549, односно 577 коњски сили, доколку се одлучите за S изведбата. Ниту понудата на вртежен момент не е за занемарување – купувачите ќе имаат на располагање 700, односно 760 Nm вртежен момент.

Големиот V8 бензинец е поврзан со 7-степен автоматски менувач со 5 режими на работа, а силата се пренесува кон сите четири тркала преку AMG Performance 4MATIC системот, со 40:60 распоред на силата напред и позади. Забрзувањето до 100 километри на час кај S верзијата трае 4.2 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 250 километри на час.

AMG моделот ќе го препознаете по редизајнираните браници, 21-инчните тркала, четирите завршетоци на издувниот систем, а во внатрешноста има спортски седишта со уникатни материјали, управувач со рамно дно и изменети инструменти.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.