По долгото најавување, сериската верзија на втората генерација Honda (Acura) NSX ќе биде официјално претставена во Јануари, на саемот на автомобили во Детроит!
Според луѓето од Honda/Acura, новиот NSX ќе понуди „ново спортско искуство“ и ќе биде „ултимативниот израз на перформансите на Acura кои го придвижуваат ре-енергизираниот бренд“. Без да навлегуваат во многу детали, кажуваат дека автомобилот ќе има хибриден погон со три мотори и два турбо-полначи.
Новиот NSX беше дизајниран во Acura Design Studio во Torrace, Калифорнија и е развиен од глобален тим на инжинери. Се очекува погонот да доаѓа од средно-поставен V6 кој ќе соработува со неколку електромотори. Новиот модел е веќе распродаден во обединетото кралство, а според она што е најавено, новиот NSX ценовно ќе биде поставен да биде конкурент на Audi R8, а ќе нуди перформанси на Ferrari 458 Italia.