Неколку дена пред саемот во Женева, Citroen го прикажа и DS3 Racing S. Loeb Limited Edition кој е своевидна прослава за рекордните 8 титули на Летечкиот Французин!
Измените се исклучиво козметичи, а најважната разлика е уникатната текстурирана мат црна боја која му дава уникатен изглед на малиот DS3 R. Тука се и контрастните акценти во црвена боја, кои само додаваат на спортскиот изглед на градскиот тркач.
А градскиот тркач има со што и да се пофали – 1.6 литарскиот турбо мотор нуди 204 коњски сили и 275 Nm вртежен момент – сосем доволно за DS3 R да стигне до 100 километри на час за 6.5 секунди и до максимални 235 километри на час.
Ако сакате да го нарачате автомобилот кој ја прославува рекордно-успешната кариера на најдобриот рели-возач во историјата, побрзајте – само 200 парчиња од овој уникатен автомобил ќе бидат произведени!