Ова можеби не се најприродните соперници, но сепак е интересно да се види кој ќе биде прв во драг-трка меѓу големиот (и неверојатно моќен) фамилијарен караван на Audi, и спортското, ексклузивно купе на Mercedes-Benz!
Audi RS6 има на располагање 4-литарски твин-турбо V8 бензинец кој испорачува 560 коњски сили кон сите четири тркала преку автоматски менувач и Quattro погон. C63 AMG Coupe Black има на располагање 6.2-литарски атмосферски V8 кој кон задните тркала испорачува 520 коњски сили.
Што мислите, кој ќе победи?