Викендов неколку нови модели на Nissan – новиот Pulsar, како и новите Juke и X-trail – пристигнаа и беа претставени во новоотворениот салон на брендот!
Новите модели на Nissan ветуваат динамичност и иновативност, а беа прикажани по неколку примероци на X-Trail, Juke и новиот Qashqai. На наше изненадување, ги видовме и новиот натпреварувач на Nissan во класата на компактни хечбекови – Pulsar – како и најмалиот модел во европската понуда на брендот – малата Micra. Новиот Pulsar пријатно не изненади со просторната понуда и со нетрпение чекаме да седнеме зад воланот. Вниманието ни го привлече и новиот X-Trail кој сериозно отстапува од она што го нудеше досегашниот модел.
Освежениот Nissan Juke како и секогаш се истакнува меѓу моделите на Nissan благодарение на несекојдневниот дизајн. Иако не е по сечиј вкус, сепак мораме да признаеме дека едноставно не може а да не ви го привлече погледот. Новиот Juke носи спортски дизајн и доработен ентериер, но и со поголем капацитет на багажникот од 40%, а нуди и многу можности за персонализација.
Секако, интересен е и новиот Qashqai кој веќе неколку месеци се нуди кај нас. Кросоверот на Nissan е во својата втора генерација и како и претходникот, и новиот модел се покажува како интересен за купувачите. Тука е и поголемиот брат – X-Trail – кој визуелно наликува на Qashqai, но нуди повеќе од сè – и повеќе простор, и помоќни мотори, и повеќе опрема. X-Trail нуди опција за седум седишта и флексибилни опции за багажниот простор, а тоа ветува многу за семејните потреби на купувачите.
Nissan ги кани сите да го посетат новиот салон во следниве три викенди за да ги разгледаат моделите, да го повозат моделот кој им го привлекува вниманието, а со себе да го понесат и своето семејство за да се уверат во семејните квалитети на моделите кои се нудат.
Фотографија: Дејан Маликовски