Новиот Peugeot Boxer има цел да ги задоволи потребите на професионалците! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Peugeot Boxer има цел да ги задоволи потребите на професионалците!

Пред неколку дена како дел од саемот Технома, Еуроимпекс го претстави новиот Peugeot Boxer пред Македонската јавност!

Од импортерот посочија дека новиот Peugeot Boxer e возило наменето за професионалци кои бараат врвен квалитет, ефикасност и економичност. Располага со сосема нов и современ дизајн со значително изменет преден дел. Нов облик на фаровите, стандардни дневни светла и светла со LED технологија како опција. Предниот браник е испакнат повеќе отколку кај претходникот, a двете кружни вдлабувања во долниот дел се наменети за светла за магла.

„Професионалците во Peugeot имаат извршено темелно тестирање на издржливоста, на секој елемент кај новиот Boxer. Во процесот на тестирање новиот Boxer има изминато преку 4.000.000 км во екстремни услови, на различни терени, дури и на терени со големо оштетување. Воедно, направени се и тестирања во климатска комора и тестови од корозија со цел да се обезбеди максимален квалитет и издржливост. Срцето на новиот Boxer има подобрени перформанси. Системот за вбризгување кај 2,2 дизелските мотори е целосно редизајниран што директно го зголемува степенот на ефикасност. Еуро 5 моторите кај овој модел се фокусирани кон ниска потрошувачка и ниска емисија на CO2.“ – изјавија од Euroimpex.

Истовремено, Еуроимпекс ја презентираше и програмата на AlienTech за која тие се застапници за Македонија, која нуди услуги за ремапирање на возилата и зголемување на нивните перформанси.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.