Погледнете го комплексниот управувач на тркачкиот Porsche 919 Hybrid – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Погледнете го комплексниот управувач на тркачкиот Porsche 919 Hybrid

Porsche го објаснува управувачот на хибридниот тркачки автомобил како компјутер сам по себе, преку кој се контролираат и управуваат многуте системи на возилото.

Во рацете на возачите на Porsche 919 Hybrid овој управувач е вистинско оружје! Има 24 копчиња и прекинувачи на предната страна, како и шест „лопатки“ на задната. Управувачот има и мултифункционален дисплеј кој покажува различни информации – од брзината на автомобилот, па сè до капацитетот на литиум-јонската батерија од хибридниот систем.

Според Porschе, најкористените копчиња се на горниот раб на управувачот за да може лесно да се пристапат. На пример, десното сино копче го контролира „светкањето“ на предните светла – тие светнуваат три пати за да ги предупредат другите, поспори возила дека побрз автомобил ќе ги престигне. Црвеното копче на левата страна го контролира таканаречениот Boost / Overtake систем кој нуди дополнителни перформанси при престигнување.

Копчињата имаат флуересцентна покривка која се осветлува под специфичен вид на светлина за да светат ноќе, за возачите да можат полесно да ги препознаат и да се снајдат.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.