Чешката дивизија на Volkswagen групацијата ја претстави караванската изведба на новата Fabia која ќе ја носи ознаката Combi и ветува навистина многу багажен простор!
Компактната надворешност крие вистинска „пештера“ во внатрешноста – во Fabia Combi комфорно ќе се сместат до пет луѓе и нивниот багаж – со исправени седишта багажниот простор нуди зафатнина од 530 литри (25 повеќе од минатиот модел) и е водечки во сегментот. Доколку се спуштат задните седишта на располагање се вкупно 1395 литри!
Во Fabia Combi ќе можат да се сместат предмети долги до 1.55 метри, а багажниот простор е широк 960 милиметри, а нискиот раб го прави товарењето багаж лесно и едноставно. Во Fabia Combi купувачите ќе ги најдат истите Simply Clever решенија кој веќе се претставени кај регуларната Fabia. Ќе бидат достапни истите бензински и дизел мотори – бензинците имаат на располагање од 75 до 110 коњски сили, а дизелите од 75 до 105 коњски сили. Ќе може да се нарача мануелен или автоматски менувач.
Новатa Fabia Combi ќе биде целосно претставена во Париз.