Протекоа фотографии од новата генерација Audi A3! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Протекоа фотографии од новата генерација Audi A3!

Неколку фотографии кои целосно го покажуваат дизајнот на новиот Audi A3 „протекоа“ на Интернет, само неколку дена пред почетокот на Geneva Motor Show на 8ми Март!

Најважното што треба да се спомене за новата генерација A3 е дека моделот е првиот што ќе се прозведува врз новата MQB платформа на Volkswagen, која ќе биде основа и за следните Golf, Leon, Octavia и уште неколку други модели.

Визуелно, моделот ја следи моменталната дизајнерска насока на Audi (која многумина ја критикуваат дека е еднолична), но во целост дизајнот изгледа типично Audi-евски. Возилото изгледа складно и пропорционално, со чисти и силно дефинирани линии.

Сеуште немаме никакви информации за моторите со кои ќе се нуди А3, но знаејќи ја гамата мотори на VAG групацијата, сигурни сме дека во него ќе се најдат различните TSI мотори со зафатнина од 1.2 и 1.4 литри, како и дизел моторите со зафатнина од 1.6 и 2.0 литри. За посилните верзии се резервирани 2.0 литарските бензински агрегати но и 2.5 литарскиот бензински агрегат од TT RS.

Кога ќе имаме повеќе информации ќе ги објавиме, а во меѓувреме искористете го времето да го запознаете екстериерот, кој сме сигурни дека ќе биде честа глетка на нашите улици!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.