Официјално: BTCC Honda Civic – Civic се враќа на тркачките патеки! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: BTCC Honda Civic – Civic се враќа на тркачките патеки!

Со претставувањето на BTCC Honda Civic, Јапонскиот производител го најави нападот на титулата во British Touring Car Championship!

Со цел да го зголеми интересот за новиот Honda Civic и да ги покаже неговите спортски карактеристики, Honda го прикажа моделот кој ќе се натпреварува во British Touring Car Championship! Веќе имавме некои најави за моделот, но сега гледаме и вистински фотографии и знаеме како тој ќе изгледа.

За жал сеуште немаме информации за тоа кои се перформансите на автомобилот, но големите аеро додатоци, ниската каросерија и олеснетиот ентериер најавуваат дека ова ќе биде сериозен кандидат за титулата. А кога веќе зборуваме за титулата, во BTCC Civic за неа ќе се борат Gordon ‘Flash’ Shedden и тројниот BTCC шампион Matt Neal! Neal е веќе оптимист за перофмансите на автомобилот и се надева на одлични резултати оваа сезона.

Сезоната започнува на први Април, а тимот на Honda веќе екстензивно ги изведува подготовките за летечки старт!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.