Претставен Mercedes Benz SL63 AMG! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претставен Mercedes Benz SL63 AMG!

Врвниот модел од SL-класата на Mercedes Benz може да се пофали со 5.5-литарски, твин-турбо V8 мотор со цели 529 коњски сили!

SL 63 AMG ја доживеа својата премиера пред само неколку дена, кога Michael Schumacher го возеше при презентацијата на новиот F1 болид на Mercedes.

5.5 литарскиот AMG V8 веќе го знаеме од ML 63 AMG и бројките кои ги нуди се навистина импресивни. Двата турбо-полначи му помогнуваат да ослободи 529 коњски сили и 800 Nm вртежен момент! Според Mercedes Benz, SL 63 AMG забрзува до 100 километри на час за 4.3 секунди а максималната брзина му е електронски ограничена на 250 километри на час.

Но Mercedes нуди и AMG Performance пакет, кој ја издига бројката на коњски сили на 550, го скратува забрзувањето за 0.1 секунда и што е најважно, ја зголемува максималната брзина на 299 километри на час!

Сета таа моќ се пренесува на задните тркала преку 7-степен автоматски менувач, на кој Mercedes му ја даде ознаката AMG Speedshift. Секако, тука се и естетските измени кои ни помагаат да го разликуваме AMG од „обичниот“ SL, како и поголемите тркала и подобрените кочници.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.