Maserati е еден од оние подзаборавените, и често игнорирани брендови. Но реалноста е дека тоа не смее да се случи, не кога моделите изгледаат вака!
Освежениот Maserati Granturismo Sport ќе го доживее своето деби на авто салонот во Женева, на почетокот на Март. Покрај дискрените затегнувања на екстериерот – како што се суптилно преработениот браник, дневните светла и затемнетите задни светла, тој ќе добие и освежен мотор.
Моторот веќе го знаеме – со зафатнина од 4.7 литри и 8 цилиндри, моторот е секако егзотичен – но со малите доработки, тој сега испорачува 460 коњски сили, наместо досегашните 450. Можеби и не е голема разлика, но да зборуваме искрено – погледнете како Granturismo Sport изгледа. Дали е воопшто важно дали моторот е со 450 или 46о коњски сили?
Така мислиме и ние.