Офанзивата која Peugeot ја подготвува за Женева се зајакнува со секој нов концепт. По Peugeot 208 GTi и Peugeot 4008, ќе го видиме и Peugeot 208 XY Concept!
Под хаубата на Peugeot 208 XY не се крие ниту разјарен турбо-бензински агрегат со 200 коњски сили, ниту некој напреден дизел агрегат. Под хаубата е поставен 1.6-литарски HDi агрегат со 115 коњски сили, кој е повеќе од доволен за малиот градски автомобил, а е споен со 6-степен мануелен менувач.
Не, она што е најважно кај 208 XY е неговата боја. Ефектот на менување на бојата, во зависност од тоа колку сте далеку од автомобилот, е постигнат со дури 16 слоеви боја и лак. Бојата се нарекува „Pulsion“, и за сега нема никакви информации дали ќе се појави во сериско производство.
Боја што изгледа различно во зависност колку сте далеку од автомобилот? Интересно, но и одличен рецепт за да си ја изгубите колата на поголем паркинг. :)