Fiat се обидува да го приближи брендот до младите купувачи и на овогодинешниот Vans US Open of Surfing ќе прикаже модел наменет токму за сурферите!
Инспирацијата за овој концепт доаѓа токму од Vans – производител на обувки кој е популарен меѓу скејтерите и сурферите. Fiat го најавува концептот како наменет за оние кои поминуваат многу време на плажата. Веднаш се забележува изменетиот преден дел кој има четири прстенести LED дневни светла. Тука е и двобојниот екстериер, како и познатиот Vans црно-бел дезен на кровот на кој се наместени две даски за сурфање. Лесно се забележуваат и Vans stickerbomb деталите, како и педалите кои се покриени со познатиот дезен на долниот дел на Vans обувките.
Концептот е придвижуван од 1.4-литарски турбо-бензинец кој испорачува 160 коњски сили преку 6-степен мануелен менувач.