Веќе ги знаеме сите детали за електричниот e-Golf, но Volkswagen објави видео каде јасно ги објаснува најважните работи околу овој електричен автомобил со автономија до 190 километри!
Батеријата на новиот e-Golf овозможува брзо полнење – до 80% за 30 минути, ако полните на брз полнач. Батеријата целосно се полни за максимум 8 часа и дозволува автономија на автомобилот до 190 километри. На видеата ќе дознаете повеќе и за системите за рекуперација на енергија, режимите на возење, информациите кои ви ги дава автомобилот, итн. Погледнете ги видеата и дознајте повеќе!