Ова е новиот мотор на AMG кој ќе го придвижува Mercedes-Benz AMG GT! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ова е новиот мотор на AMG кој ќе го придвижува Mercedes-Benz AMG GT!

AMG дивизијата на Mercedes-Benz го претстави новиот мотор, кој ќе биде задолжен за придвижување на новото AMG GT Coupe!

Иако инженерите не ги откриваат сите детали околу моторот, дознаваме за новите технологии и решенија кој се користени за да се развие овој мотор, но и за тоа дека моторот може да развие „до 375 киловати и до 650 Nm вртежен момент“ – односно околу 500 коњски сили!

Наскоро очекуваме Mercedes-Benz официјално да го претстави AMG GT. Сега за сега знаеме само детали, но знаеме и како ќе изгледа ентериерот. Сепак, Германците не брзаат со откривањето на сите детали и внимателно ги загреваат фановите!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.