Хибрид-електричниот Mitsubishi Outlander PHEV пристигна во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Хибрид-електричниот Mitsubishi Outlander PHEV пристигна во Македонија!

Хибридниот Outlander PHEV не претставува „обичен“ хибриден автомобил, туку возило кое може на струја да помине и до 52 километри!

Mitsubishi Outlander PHEV претставува иновативен автомобил и е комбинација на целосно електрично SUV возило со погон на 4 тркала и перформанси кои овозможуваат висока моќност, економичност, но и ниска емисија на штетни материи. Тоа што го прави различен од останатите хибридни возила е можноста да се движи самостојно како електрично возило до опсег од 52 км и истото може да се полни на стандарден приклучок за струја, но и при вклучено возило во мирување, во движење или при сопирање.

Outlander PHEV (plug-in hybrid) поседува два погонски електромотори, сместени во предниот и задниот дел на возилото, секој со моќност од 60 kW, но и мотор со внатрешно согорување со моќност од 89 kW (121 КС). При комбинирано движење со помош на електричните мотори и моторот со внатрешно согорување, просечна потрошувачка на гориво изнесува 1,9 литри/100 км. Ние веќе направивме подетално осврнување на карактеристиките на ова технолошко чудо од Mitsubishi, и со нетрпение чекаме да седнеме зад воланот на Outlander PHEV.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Интересно е што можете да го употребите Вашиот паметен телефон за далечинска контрола на времето на полнење, прилагодување на часот за почеток на полнењето, како и мониторирање на времето неопходно за полнење и др. Апликацијата Mitsubishi Remote Control, исто така, овозможува моментно или одложено активирање на електричното греење. Инаку, Mitsubishi Outlander PHEV се појави како вистински хит во некои западни држави, како што е примерот со Холандија, каде за само 6 месеци се продадени над 10.000 возила.

За мошне кусо време, Outlander PHEV освои серија награди и признанија, како што е наградата „ Автомобил на годината во Јапонија“ – за најдобра иновација, потоа автомобилските новинари во Јапонија му доделија признание на Outlander PHEV за „Технологија на Годината 2014“, а британците го наградија за „иновација во заштита на животната средина.“

Поврзано:  Mitsubishi најави два нови SUV модели


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.