Volvo го претстави ентериерот на новиот XC90! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volvo го претстави ентериерот на новиот XC90!

Целосното претставување е најавено за Август, но Volvo реши уште сега да ни претстави како ќе изгледа ентериерот на новиот XC90!

Volvo го опишува ентериерот на XC90 како најлуксузниот кој некогаш го направиле. Кабината нуди чиста и минималистичка конфигурација бидејќи повеќето од прекинувачите и копчињата се заменети со голем екран осетлив на допир. Ќе можете да го нарачате во конфигурација со седум седишта, а еден од најзабележливите детали е рачката на менувачот која е изработена од кристално стакло, од страна на шведскиот стаклар Orrefors. Дополнително, ентериерот ќе има и контроли за гласноста на звукот, како и старт/стоп системот исечени со дијаманти.

Внатрешноста ќе биде изработена од мека кожа во комбинација со детали од дрво, алуминиум и други скапи материјали, а инструментите се целосно дигитални. Volvo најавува и четири-зонски клима уред, технологија за препознавање на гласовни команди и интеграција со CarPlay системот на Apple. На третиот ред седишта ќе можат да се сместат патници кои се високи до 1.7 метри, а секој патник ќе има свое место за оставање дребулии.

Како што веќе спомнавме – целосното откривање на XC90 е закажано за Август, а производството ќе започне на почетокот на следната година во фабриката Torslanda во Гетеборг, Шведска.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.