Официјални фотографии од ентериерот на Mercedes-Benz AMG GT! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјални фотографии од ентериерот на Mercedes-Benz AMG GT!

Mercedes ги објави првите официјални фотографии од наследникот на SLS AMG, кои ни ја прикажуваат спортската и луксузна внатрешност на спортистот.

Кабината со две седишта изгледа како модерна еволуција од досегашниот SLS AMG со понагласена средна конзола, која во долниот дел ги вдомува рачката од менувачот, системите за контрола на возење и командниот контролер на допир. Во горниот дел се забележуваат четири кружни отвори за вентилација и голем екран на допир за мултимедијалниот систем.

Остатокот од автомобилот ќе биде помал и полесен, но во исто време помалку егзотичен и подостапен од SLS AMG. Ќе биде придвижуван од нов 4.0-литарски V8 турбо-бензински агрегат со различни бројки на сила, во зависност од моделот. Mercedes-Benz AMG GT ќе дебитира подоцна оваа година.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.