Elantra GT ни е веќе познат модел кој ќе се продава како Hyundai i30 на нашиот пазар, но навистина е интересно новото купе изведено од успешната Elantra.
Hyndai Elantra веќе ја возевме и ни остави максимално позитивен впечаток. Желбата на корејците да понудат и купе возило (за кое не сме сигурни дека ќе го видиме на Европскиот пазар) е секако за поздрав. Онаму каде што страдаат практичноста, добива на вредност уникатноста и спортската динамичност. Секако, дизајнот е навистина сличен со седанот, само недостасуваат задните врати – но и седанот имаше прилично купеовска линија, па не радува одлуката на Hyundai да направи вистинско купе.
Од друга страна, Hyundai GT – односно, наследникот на успешниот i30 на Европскиот пазар е типичен хечбек со класични пропорции и пет врати. Веднаш е приметливо зошто во Америка ќе се вика Elantra GT – моделите се навистина слични, со очигледната разлика во каросериската изведба. Сепак, хечбековите се навистина популарни на Европскиот пазар а i30 веќе се докажа како популарен избор.