Игор Стефановски оствари убедлива победа на првата трка од Европскиот шампионат на ридски патеки, која се одржа на патеката Сен Жан Ду Гар во јужниот дел од Франција.
Иако првпат возеше на оваа патека, нашиот претставник со својот Mitsubishi Lancer EVO 9 постави најдобри времиња на сите возења овој викенд – во класата N беше најбрз на двата тренинга и двете возења од трката! На првата трка постави време од 3:02.136, додека второпласираниот Јири Лос забележа време од 3:04.224 минути. На третото место заврши минатогодишниот победник на оваа трка, Оскар Бенеш со време од 3:08.011.
Во второто возење распоредот на трите првопласирани возачи беше ист. Иџе ја заврши стазата на првото место за 3:04.846 минути, веднаш зад него се најде Јири Лос со време од 3:04.846, додека Оскар Бенеш зврши за 3:08.087 минути.
Ова беше успешно прво учество на тимот на Стефановски на овогодинешниот Европски шампионат на ридски патеки, кое ја претстави Македонија во убаво светло. Им посакуваме повторување на успехот и на наредните трки!