Kia Trackster Concept – Изненадување од Kia! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Kia Trackster Concept – Изненадување од Kia!

Од време на време се појавува концепт кој веднаш ни го привлекува вниманието со својот иновативен дизајн. Trackster е токму таков концепт!

Интересниот дизајн привлекува на прв поглед, иако очигледно е дека е изведен од мини-теренецот Soul. Но сепак, ова не е Soul со три врати, туку навистина иновативен концепт.

Главниот дизајнер на Калифорниското студио на Kia – Tom Kearms – изјави дека сакал Trackster да изгледа агресивно, како булдог. Ако не прашувате нас, тој успеал во своите намери. Како и се друго, и тркалата се интересни и големи – дури 19 инчи на овој концепт!

Под хаубата се крие дволитарски турбо бензински агрегат со моќност од 250 коњски сили, но и електронски-контролиран погон на сите четири тркала. Според Kia, немаат никакви планови да го пуштат Trackster во сериско производство. Штета.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.