Mercedes-Benz ќе го претстави новиот Concept Coupe SUV во Пекинг – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz ќе го претстави новиот Concept Coupe SUV во Пекинг

Германскиот производител подготвува конкурент на BMW X6, а неговата концептуална изведба ќе ја прикаже на автомобилскиот саем во Пекинг овој месец.

Контроверзниот и доста успешен модел BMW X6 веќе ќе добие втора генерација, а Mercedes сеуште нема негов директен конкурент во својата гама. Сепак, ова наскоро ќе се смени, така што компанијата од Штутгарт ќе го објави Concept Coupe SUV, чија сериска изведба најверојатно ќе биде назначена како MLC.

Моделот ќе се произведува во фабриката во САД, Тускалуса, Алабама покрај М-класата. Новиот модел треба да понуди динамично управување и ќе изгледа значително поагресивно од М-класата, благодарение на пониската линија на кровот и налегнатото задно ветробранско стакло.

Повеќе фотографии и информации очекуваме на отварањето на саемот за автомобили во Пекинг на 20-ти Април.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.