Неколку примероци на Skoda Octavia RS пристигнаа во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Неколку примероци на Skoda Octavia RS пристигнаа во Македонија!

Неколку примероци од најмоќната верзија на Skoda Octavia пристигнаа во Македонија – а ние случајно налетавме на нив!

Се работи за два седани – еден RS и еден RS TDI, како и еден караван во RS TDI изведба. Колку да Ве потсетиме – бензинецот го носи истиот мотор од Golf GTI, Leon FR и Audi S3 и нуди 220 коњски сили, забрзува до 100 километри на час за 6.8 секунди и постигнува максимални 248 километри на час. RS TDI под поклопецот крие 2-литарски TDI со 184 коњски сили, благодарение на кои забрзува до 100 километри на час за 8.1 секунда, а максималната брзина е 232 километри на час!

Сега за сега – доволно зборувавме – погледнете ги фотографиите!

Фотографија: Дејан Маликовски

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.