2 Series Active Tourer на BMW веќе предизвика остри реакции кај фановите на брендот – но дали M-Sport пакетот има некаква надеж да ја врати нивната наклонетост?
Компактниот миниван на BMW наскоро треба да започне официјално со продажбата, па луѓето од Баварија се обидуваат да му вратат малку од спортскиот карактер по кој толку е познат овој бренд. Се надеваат дека токму со M-Sport пакетот ќе го направат тоа.
M-Sport пакетот нуди нови браници напред и позади, нови странични прагови и алуминиумски фелни, хромирани завршетоци на издувниот систем, Shadowline третман на хромираните детали, М-значки, но и 10 милиметри пониска суспензија. Во ентериерот купувачите ќе добијат странични заштитни прагови, нов управувач обложен со кожа, спортски седишта, контрастни опшивки и уште некои ситни детали. Дали ова го подобрува имиџот на 2 Series Active Tourer? Најверојатно, но не сме сигурни дека го доведува до она ниво на кое едно BMW би требало да биде.