Mitsubishi го претстави Lancer Evolution X FQ-440 MR за Британските купувачи! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mitsubishi го претстави Lancer Evolution X FQ-440 MR за Британските купувачи!

Lancer Evo на Mitsubishi полни седум години оваа година, па Mitsubishi реши малку да ја освежи понудата со FQ-440 кој – погодувате – има 440 коњски сили!

Намената на овој модел е да ја прослави 40-годишнината на Mitsubishi во Велика Британија и ќе чини рамно 60.000 евра. Ќе бидат направени само 40 примероци и ќе се нуди само во Велика Британија. Но што всушност го прави овој Lancer Evo посебен?

Да започнеме со новата, поголема турбина од HKS, новиот софтвер за електронската контролна единица, нов издув од Janspeed како и цела лепеза компоненти за моторот од Janspeed, лесни 18-инчни фелни од BBS, нови кочници, суспензија пониска за 35 милиметри напред и 30 милиметри позади благодарение на Eibach спортските спирали, нови Recaro спортски седишта, Rockford Fosgate аудио уред и уште многу, многу други измени. Секако, најважни се оние измени на погонската единица, а токму тие измени обезбедуваат 440 коњски сили на 6800 вртежи во минута и моќни 560 Nm вртежен момент на 3100 вртежи во минута.

Интересно, Mitsubishi ќе вгради и систем кој ќе ги снима сите податоци околу автомобилот и тие податоци ќе бидат истовремено достапни како за сопственикот, така и за CCC – една од компаниите на Mitsubishi. Дополнително, Mitsubishi ја условува 3-годишната гаранција со овој систем, преку кој цело време ќе биде позната и локацијата на автомобилот преку GPS.

Mitsubishi не објавува детали околу перформансите, но Lancer Evolution X веќе е познат по своите екстремни перформанси, па сигурни сме дека и FQ-440 (и колку да знаете, кратенката FQ всушност значи Fu*king Quick) ќе нуди перформанси од кои застанува здивот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.