Volkswagen подготвува караванска изведба на Golf R? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen подготвува караванска изведба на Golf R?

Неодамна беше уловен неочекуван модел од Wolfsburg – Volkswagen Golf R, но овој пат во караванска изведба. Дали луѓето од VW подготвуваат уште едно дополнување на R фамилијата?

Volkswagen Golf Variant R (или R Variant, ќе видиме) најверојатно би го имал истиот погон на сите четири тркала како и „обичниот“ Golf R, и би ги имал на располагање истите 300 коњски сили. Претпоставуваме дека на караванот би му биле потребни неколку стотинки повеќе до 100 километри на час (на Golf R му се потребни само 4.9 секунди), но зголемената практичност благодарение на огромниот багажен простор би бил одличен атрибут за оние кои истовремено сакаат спортски, но и практичен семеен автомобил.

volkswagen-golf-r-variant-rear

Дали е Volkswagen малку инспириран од Ford кој нуди караванска изведба на спортскиот Focus ST? Можеби, но луѓето од Wolfsburg сега за сега не објавуваат ништо конкретно ниту пак дефинитивно. Сè уште кружат гласините за некаква супер-спортска изведба на Golf која би користела карбонски влакна и би нудела околу 370 коњски сили, но ниту за тоа нема никаква официјална конфирмација.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.