По неодамнешните проблеми кои се јавија кај GT3 изведбата на популарниот Porsche 911, инженерите го открија проблемот и сите примероци произведени оваа година ќе добијат нов мотор!
Производителот на спортски автомобили ќе ги замени моторите на сите 911 GT3 возила од оваа моделска година. Ова е корективната акција која е резултат на интерните анализи кои беа започнати како резултат на двете пријавени возила. Во меѓувреме, проблемот е идентификуван – и се работи за лабав спојник од навртка во внатрешноста на моторот. При работа доаѓа до олабавување на движењето во цилиндерот кое резултира со механичко оштетување на моторот и протекување на масло, што всушност довело до запалување на моторот.
Откако дозна за проблемот, Porsche ги советуваше сите 785 сопственици на овие возила да не ги употребуваат возилата додека не бидат проверени. Возилата беа подигнати од страна на овластен Porsche центар и моторите ќе им бидат заменети, а кај сите нови возила кои ќе се произведат овој проблем ќе биде одстранет.
Од Porsche истакнуваат дека ниту еден друг модел од гамата на производителот не е засегнат со овој проблем.