Од време на време се појавува концепт кој едноставно нè остава без зборови – и токму тоа се случува со новиот Alfieri 2+2 Concept од Maserati!
Да го кажеме најважното – под поклопецот чука 4.7-литарски V8 срце кое испорачува 460 коњски сили при врескачки 7000 вртежи и 520 Nm вртежен момент при 4750 вртежи. Таа моќ се пренесува кон задните тркала преку 6-степен менувач и диференцијал со ограничено пролизгување.
Концептот е долг 4590 милиметри, широк 1930 милиметри и висок само 1280 милиметри. Меѓуоскиното растојание е 2700 милиметри и автомобилот е поставен на 20-инчни тркала напред и 21-инчни позади. Пропорцитее се совршени за ултра-луксузно спортско купе. Во внатрешноста забележуваме детали изработени од алуминум кои истовремено изгледаат ултра-модерно и современо, но и будат сеќавање кон постарите модели на Maserati.
Уживајте во фотографиите и видеото!