Skoda VisionC концепт – Визија за спортски купе-седан од Чешкиот производител! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Skoda VisionC концепт – Визија за спортски купе-седан од Чешкиот производител!

Skoda пред само неколку минути ги објави деталите околу VisionC концептот кој ќе го претстават на саемот на автомобили во Женева – и ова е храбар нов чекор за брендот!

Според Skoda, кај овој концепт стилот е во совршена соработка со функционалноста, а дизајнот станува поекспресивен, подинамичен и емотивен, и истовремено го поддржува повторното будење на брендот. Купето со пет врати е вистинска револуција за Шкода!

skoda-visionc-front

Дизајнот е навистина интересен и нуди привлечна комбинација од остри линии кои се измешани со конкавни и конвексни форми. Немаме никакви информации ниту фотографии од ентериерот, но знаеме дека VisionC е придвижуван од бивалентен мотор, односно мотор кој работи на бензин и метан. Моторот е со зафатнина од 1.4 литри и нуди 110 коњски сили. Троши 3.4 килограми CNG на 100 изминати километри, а емисијата на штетни гасови изнесува само 91 грам на изминат километар – концептот ги задоволува строгите EU2020 стандарди.

skoda-visionc-side

VisionC е изграден врз MQB платформата на Volkswagen групацијата и ги дели сите придобивки од оваа платформа. Нам ни изгледа интересно и истовремено малку ни наликува на Volkswagen CC. Дали Skoda ќе добие своја верзија на популарното купе?

skoda-visionc-rear



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.